МВР: Не се точни информациите дека од март на Косово само со лична карта

Министерството за внатрешни работи апелира медиумите да не ги доведуваат во заблуда граѓаните објавувајќи непроверени информации дека од месец март на Косово може да се патува само со лична карта.

МВР, како што се наведува во соопштението, им стоело и им стои на располагање на граѓаните и медиумите за проверка на сите информации и прашања кои се од нивен интерес а се во доменот на работа на министерството.

Во моментот кога ќе биде постигнат договор МВР ќе ја информира јавноста, како и вообичаено.