МВР нема надлежност да ги контролира џамиите

Министерството за внатрешни работи нема надлежност да прави контрола во џамиите. Претпоставувам дека поглаварот на ИВЗ излегува со спектакуларни најави и изјави во контекст на некој евентуален негов реизбор или позиционирање таму каде што аплицира за позиции, изјави министерката Гордана Јанкуловска со што ги отфрли повиците на поглаварот на ИВЗ, реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, за полициска интервенција за враќање на контролата врз Јахја-пашината и Тутунсуз џамијата во Скопје.

Според ИВЗ две џамии во Скопје не се под нивна контрола и бараат помош од МВР.

Јанкуловска посочи дека како кривично дело треба да се толкува иницијативата и заминувањето на туѓи фронтови.

„Сметам дека законската регулатива не е доволно силна и дека постои простор за најзино подобрување, односно воведување на ново кривично дело кое освен организаторите и оние условно речено кои ги регрутираат лицата за заминување во странски државни заради војување на нивниот терен, треба да ги таргетира и лицата кои де факто го извршуваат евентуалното ново кривично дело, што значи лицата кои се борат во странски држави.“, вели  Јанкуловска.

Исламската верска заедница се согласува ригорозно санкционирање на учесниците во странски воени кофликти.