МВР: Нема закачено албанско знаме на влез во Македонија

Провокација од Грција, револт во знак на протест од актуелните случувања во земјава или фотомонтажа?
Утрово на влезот во Македонија од грчка страна на граничниот премин Богородица, грбот на Република Македонија од знакот беше покриен со албанско знаме.

Фотографијата ја објавија повеќе медиуми, со прашање дали по протестите пред домовите на пратениците на СДСМ, палењето возила, расфрлањето на летоци, испишувањето на графити со навредлива содржина е уште еден начин за изразување на протест на граѓаните против донесувањето на Законот за употреба на јазиците.

Од МВР пак, тврдат дека се целосно неточни и невистинити информациите дека на граничниот премин Богородица е поставено знамето на Република Албанија.

-Таков случај не е пријавен во МВР. Станува збор за фотомонтажа. Веднаш после објавувањето на овие невистинити информации беше извршена проверка на посоченото место на граничниот премин и констатирано е дека таков случај не постои- велат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.