среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 42

МВР: Нема закана по безбедноста на македонските граѓани

Двајца адвокати од Штип го оштетиле МВР со лажни побарувања

Поврзани вести

Во моментов не постои конкретна закана по безбедноста на граѓаните на Република Македонија, ова било констатирано на денешниот колегиум со највисокото раководство во МВР.

Колегиумот се одржал на барање на министерот Спасовски, а по повод терористичките напади во Париз.

На колегиумот, како што информира МВР, беше констатирано дека во моментов не постои конкретна закана по безбедноста на граѓаните на Република Македонија и беа донесени повеќе заклучоци кои веднаш ќе бидат реализирани.

Ќе биде зајакната безбедноста во и околу објектите кои се во функција на полицијата, ќе бидат зајакнати мерките и активности при обезбедување на јавни собири и спортски манифестации на кои има присуство на поголем број граѓани, како и зајакнување на контролата над мигрантите кои остваруваат влез во Република Македонија, а посебно во привремениот транзитен центар во Гевгелија, како и на северната и јужната граница опфатени со Одлуката за прогласена кризна состојба, се вели во соопштението од МВР.

Покрај оперативните активности во функција на поголема ефикасност и мобилност на полицијата и другите надлежни служби, за чие итно спроведување се задолжени организациските единици при Министерството, заклучено е да се преземат дополнителни мерки и активности за обезбедување личности и витални објекти кои ги обезбедува Министерството за внатрешни работи.

Најчитани вести