Македонија,Крими хроника

МВР откри 39 илегални мигранти

МВР откри 39 илегални мигранти

МВР во четири одвоени случаи на криумчарење мигранти поднесе кривични пријави против пет лица, од кои двајца се грчки државјани, а притоа откриени се 39 лица илегални мигранти од кои 22 од Авганистан, 14 лица од Сирија, едно лице од Судан, и едно лице од Палестина. Меѓу илегалните мигранти четири лица се малолетни, од кои две се тригодишни деца, а другите се на возраст од 16 до 45 години, и тие се префрлени во Прифатниот центар за странци.

Во првиот случај реализиран синоќа, околу 22,30 кај тунелите кај Демир Капија во правец Гевгелија-Скопје, направен е обид да се запре товарно моторно возило марка “Волво“ со велешки регистарски таблички управувано од А.Р. (42).  од Скопје. Но на дадениот знак возилото не застанало туку ја зголемило брзината, но по кратко време на стариот пат Демир Капија-Неготино, истото било запрено. Во возилото откриени се 15 илегални мигранти на возраст од 22 до 16 години сите од Авганистан кои што оствариле илегален влез во РМ од Грција во близина на ГП “Богородица“ со намера да преминат во Србија а од таму во земјите на ЕУ.

Во вториот случај исто така реализиран во текот на вчерашниот ден и во кој кривична пријава за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“ е поднесена против двајца грчки државјани М.Ш.(20) и Ј.К. (58), откриени се шест илегални мигранти сите од Авганистан меѓу кои и тригодишно девојче. Кај Смоквица во правец Гевгелија-Скопје, даден е знак за запирање на возило марка “Опел корса“ со грчки регистарски таблички, меѓутоа по дадениот знак, возачот на наведеното возило  ја зголемил брзината и истото продолжило да се движи во правец Неготино-Скопје. Веднаш по него е забележано и возило марка “Алфа ромео“ сребрена боја со грчки регистарски таблички. Од страна на полициски службеници на ПС за БПСА Демир Капија, забележале дека во двете возила  се превезуваат поголем број на патници и се упатиле по наведените ПМВ меѓутоа, истите не запирале туку продолжило да се движи со голема брзина. Возилото “Алфа ромео“ се исклучило кај с.Марвинци, а “Опел корса“ продолжило во правец кон Велес. На наплатната рампа “Градско“ од страна на полициски службеници корсата е запрена и е утвдено дека го управува лицето М.Ш. а во возилото биле шестмина илегални мигранти. Подоцна кај месноста викана Маркова Чешма беше забележано и запрено возилото “Алфа ромео“ кое било управувано од Ј.К. Од страна на судија за претходна постапка на пријавените лица им е изречена мерка притвор во траење од  по 30 дена.

Во третиот случај кај тунелите кај Демир Капија во правец Гевгелија-Скопје, прописно со светлечка лампа е даден знак за запирање на возило марка “BMW“ со скопски регистарски таблички, меѓутоа возилото наместо да застане продолжило со зголемена брзина и истото продолжило да се движи во правец кон Неготино. За настанот биле известени полициските службеници од РЦ за ГР Југ кои што биле кај клучката на влезот на Неготино, меѓутоа кога возачот ги забележал нив, нагло застанал на околу 500 метри пред клучката за Неготино, излегол од возилото ја прерипал заштитната ограда помеѓу двете ленти на автопатот и продолжил да бега кон Неготино. Но, набргу е фатен во кругот на приватната фирма “РОТЕ“. При проверката утврдено дека возилото марка BMW го управувало лицето Ш.Р. (23), и во него превезувал петмина илегални мигранти, сите од Сирија. Од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.

И во четвртиот случај исто така реализиран од страна на УПС од ПС за ГН Михајлово кривично е пријавен Б.А. (28) од Скопје. Имено, кај тунелите кај Демир Капија во правец Гевгелија-Скопје, прописно со светлечка лампа е даден знак за запирање на возило марка “JEEP CHЕROKЕЕ“ со скопски регистарски таблички управуван од пријавениот меѓутоа тој и по дадениот знак, не застанал туку ја зголемил брзината и продолжило да се движи во правец кон Скопје. Од страна на полицијата продолжено е по џипот, кој набргу бил престигнат и запрен. Во џипот се откриени 12 лица илегални                 мигранти од кои девет лица од Сирија и по едно лице од Авганистан, Палестина и од Судан. Од страна на судија за претходна постапка на Б.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.