МВР откри мигранти од Сомалија и Сирија

МВР вчера откри седум мигранти во возило на атопатот Неготино – Велес.

Возилото „Сеат Толедо“ со грчки таблички, со кои биле превезувани мигрантите, било управувано од Н.П.(29) од Бугарија. Од извршената контрола констатирано било дека станува збор за седум странски државјани од Сомалија и Сирија на возраст од 20 до 23 години.

По целосно документирање на случајот против Н.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, додека илегалните мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.