МВР откри петнаесет мигранти од Сирија

МВР вчера откри петнаесет мигранти од Сирија во близина на раскрсницата Скопје-Велес-Штип.

Четириесетгодишниот С.Ј. од Скопје ќе добие кривична пријава за сторено дело „криумчарење мигранти“.

Пријавениот делото го сторил на тој начин што, со шлепер со скопски регистарски таблици се обидел да прокриумчари група на мигранти, кои од Грција преку Македонија, требало да се прокриумчарат кон Србија, со крајна цел некоја од западноевропските земји.

По претходно добиени информации, полицијата го запрела возилото во близина на раскрсницата од Скопје – Велес – Штип. За време на вршење на контрола над возилото, од страна на мигрантите била исечена церадата на приколката, по што дел од мигрантите се дале во бегство. По преземени мерки и активности од страна на полицијата пронајдени и фатени се 15 мигранти од Сирија, од кои 11 возрасни и четири деца.

Од страна на МВР се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на останатите мигранти и целосно расветлување на случајот.