МВР поднесе пет кривични за марихуана и една за хероин

Шест кривични пријави во четири одвоени акции во неколку градови поднесе Министерството за внатрешни работи, за неовластено проивоздство и пуштање во продажба на наркотични средства.

Три кривични пријави поднесе СВР Битола, против две лица, О.С. (43) и Т.П. (25) од Битола и В.Б. (46) од Ресен. Пред една недела во близина на Стење, О.С. од В.Б. купил 4,5 килограми марихуана, по што заедно до Т.П. ја транспортирале до Битола каде биле и сопрени од полициски службеници. На трите лица им е одредена мерка притвор од 30 дена.

На почетокот на овој месец, фатено со 3,16 грама било и лицето М.М. (22) од Кавадарци, на кого СВР Охрид му поднесе соодветна кривична пријава. Исто така, во втора акција, кривична пријава заработи и 20 годишниот И.К. од Охрид, кај кој биле пронајдени 0,76 грама марихуана.

СВР Тетово, пак, поднесе кривична пријава против Р.А. од село Одри, тетовско. Во неговото возило од марката „алфа ромео“, на 29 октомври минатата година, биле пронајдени неколку паковки во кои имало 1,83 грама хероин.