МВР потврди дека Дац удрил девојка, директорот се огласи на ФБ

Директорот на МНТ, Драган Спасов Дац, со возило вчера околу 19.20 часот во сообраќајна незгода повредил 27- годишна девојка.

-На 30.01.2018 во 19.20 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски таблички управувано од Д.С.(54) удрило во пешакот Е.Ц.(27). Е.Ц е пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде и се констатирани телесни повреди, по што е пуштена дома, велат од полицијата.

Рано утрово на социјалните мрежи се огласи и Дац.

Без да изнесе повеќе детали за квалификациите кои беа објавени во медиумите тој само напиша:

До каде ќе иде злобата…

Коментарите се поделени. Дел од пријателите коментираат и прашуваат дали возење под дејство на алкохол не е злоба, а дел застануваат во одбрана на Дац.