МВР потврди, обесениот маж е Драганчо

Од полицијата потврдуваат дека пронајдениот маж обесен во бачило во близина на Злетово е 40-годишниот Драган М. кој утринава уби три лица.

Негови блиски роднини го идентификувале телото на Драган. Тој утринава со службено автоматско оружје ги лиши од живот 51-годишниот Методи Д., Јана М. (63) и нејзиниот сопруг Илија М. (65).

Јана и Илија се родителите на неговата сопруга, а истите беа убиени во нивната семејна куќа.

По тројното убиство Драган, кој инаку бил професионален војник од 2000-та година, си го одзел животот со бесење.