Македонија,Крими хроника

МВР ПОТВРДИ: Починатата девојка е исчезнатата охриѓанка Маја

МВР ПОТВРДИ: Починатата девојка е исчезнатата охриѓанка Маја

Обдукцијата потврди дека мртвото тело кое беше пронајдено во околината на Охрид е на 14-годишната Маја Блажевска.

Четиринаесет годишната Маја Блажеска од охридското село Лешани е девојката чие починато тело полициските екипи го пронајдоа пред два дена во селото Велмеј.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека резултатите од обдукцијата потврдиле дека женскиот труп кој бил во фаза на распаѓање е на Маја, која за исчезната беше пријавена од страна на нејзиниот татко на 12-ти ноември минатата година.

Човечкиот леш бил пронајден на местото викано „Натнасер бачила“ кое е дел од локациите каде започна акцијата за нејзино пронаоѓање.

Маја два пати избега од дома поради момче кое го запознала преку Фејсбук. Во октомври прв пат избегала од дома, но неколку дена по пријавата во полиција се вратила.

Второто бегство го направила неколку недели подоцна, по што повторно се претпоставуваше дека отишла кај момчето, кое негираше дека Маја е кај него.

Според првичните информации на нејзиното тело немало видливи траги на насилство.

Портпаролот на СВР Охрид истакна дека повеќе детали ќе има во текот на денот на прес конференција.