Македонија

МВР потврди за киднапирањето на претседателот на УМС на ВМРО – ДПМНЕ – Центар

МВР потврди за киднапирањето на претседателот на УМС на ВМРО – ДПМНЕ – Центар

Од МВР потврдуваат дека Советник во општина Центар пријавил грабнување и во моментов се преземаат мерки за расчистување на сличајот.

Помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски во изјава за Нетпрес информира дека советникот во Општина Центар лично во полициската станица Центар пријавил дека на крстосница на ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Френклин Рузвелт“ околу 02.00 часот додека се шетал со неколку  другари бил пресретнат од 3 машки лица со патничко моторно возило „Форд Фјужн“ сива боја со непознати регистерски таблички.

Од страна на две лица биле физички нападнати, а во еден момент советникот од општина Центар бил присилно внесен  во возилото, возен 5-6 минути и фотографиран.