МВР: Прекинато гласањето на 20 избирачки места

Гласањето досега генерално се одвива без сериозни проблеми и без нарушување на јавниот ред и мир, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Досега има седум пријави за делење на поткуп, а прекини имало  на дваесетина избирачки места, поради технички причини и гласањето продолжило откако е решен проблемот.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски информираше и за инцидентот во Бутел, на гласачко место во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“, каде што имало расправија меѓу двајца гласачи кои се обиделе физички да се пресметаат.