Македонија,Крими хроника

МВР продолжува да ги санкционира напослушните вработени

МВР продолжува да ги санкционира напослушните вработени

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 16 решенија против 16 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2 , 3 и 4 и член 207 став 1 и точки 8 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 11 вработени им е изречена мерка “парична казна“ на двајца вработени мерка – “запирање на постапката“ и тројца вработени мерка – „писмено предупредување”, а се работи за:

Л.Ѓ. полицаец ПС од ОН Струга, СВР Охрид изречена му е мерка“парична казна” (во текот на работното време бил затекнат како седи во службеното возило)
Д.Н. Виш инспектор за прекуграничен криминал и миграции-Охрид, Струга, РЦ за ГР Запад изречена и е мерка “парична казна“ (не доставила писмено барање за остварено патување во странство)
Т.К. полицаец во ПС за ГН и ГП Богородица РЦ за ГР Југ изречена му е мерка “парична казна“ (не евидентирал влез на странец во Р.Македонија и не утврдил дека истиот приложил фалсификувана лична карта)
И.С. Полицаец ПС од ОН Свети Николе, СВР Штип изречена му е мерка “парична казна“(патролна дејност вршел со приватно возило)
Р.С. Инспектор за прифат – Сменоводите ПС од ОН Гостивар, СВР Тетово изречена му е мерка “парична казна” (не сочинил записник за прием на пријава за сторен физички напад, настанот не го завел во книгата за дневни настани и не превзел мерки за расчистување на истиот)
Р.Т. дежурен Единица за прв одговор и интервенција-АЛФА, СВР Скопје изречена му е мерка “парична казна” (физички ја нападнал својата сопруга и и нанел телесни повреди)
К.С. Полицаец во ПС НФОО, изречена му е мерка “парична казна” (не дошол на воедно обезбедување)
С.П. и В.П. Полицајци во ПС за БПС Демир Капија, изречена им е мерка “запирање на постапката“
А.Ж. и И.Љ. Виши инспектори за општ криминалитет во НК за КР битола, изречена им е мерка „писмено предупредување“ (не презеле конкретни мерки и активности за расветлување на дела)
Ј.В. Полицаец во ПС НФОО изречена му е мерка „парична казна“ (задоцнил на работното место)
Д. Н. Полицаец во ЕПОИ-Алфа, СВР Скопје, изречена и е мерка „парична казна“ (не носел заштитен елек)
З.С. и С.С. Полицајци во ПС ОН Радовиш, изречена му е мерка „парична казна“ (го нарушиле угледот на МВР ).
Д.С. Самостоен инспектор во Одделение за сузбивање на недозволена трговија со дрога, изречена и е мерка „Писмено предупредување“ (задоцнила на работа)