МВР се’ уште го истражува случајот со демолирање автомобил во Струмица

Полицијата и по повеќе од две недели го нема расчистено случајот на насилство во Струмица, за којшто на социјалните мрежи се појави и видео.

На речиси триминутното видео се гледа како насилник со метална шипка или со шрафцигер уништува автомобил паркиран на улица. Лицето го демолира автомобилот додека сопственикот стои на страна, а во еден момент кога ќе му се приближи насилникот со спреј солзавец го прска во лицето.

Од МВР информираа дека на 01.07.2018 година во 05.25 часот С.К.(32) од Струмица пријавил дека околу 04.30 часот на улица ,Младинска“ од страна на А.Т. извршено е оштетување на патничко моторно возило ,,ауди“ со бугарски национални ознаки. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Неофицијално насилникот во инцидентот поминал со прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а казна ќе плати и сопственикот на автомобилот.