Македонија

МВР со детален, аргументиран и прецизен одговор до Заев

МВР со детален, аргументиран и прецизен одговор до Заев

Денешната конструкција на четвртоосомничениот во аферата „Пуч“ ги потврдува сомненијата дека основната цел на агентурната мрежа и останатите инволвирани во случајот, е рушење на институциите и безбедносниот систем на Република Македонија, се вели во реакцијата на МВР, по повод наводните телефонски разговори што денеска беа објавени на прес конференцијата на СДСМ, истакна помошник министер на МВР Иво Котевски.

Тој нагласи дека агентурната мрежа и останатите инволвирани во случајот очекуваат ослабување на капацитетите и отварање на слободен простор за реализирање на нивните сценарија за уривање на слободната воља на граѓаните.

– Целата јавност, денеска беше сведок на обид за директно инволвирање на официјални институции и пријателски служби од земји кои во бројни наврати ја докажале својата блискост со Република Македонија. За да не дозволиме јавноста да биде изманипулирана, сакаме да потенцираме дека тоа што денеска беше објавено претставува донација за опрема, не за следење на комуникации, туку опрема за припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи. Станува збор за помош која ја доби МВР во висина од 5.557.377 евра. Станува збор за над 5.5 милиони евра, туѓи пари, помош за поголема ефикасност на специјалните единици. За сето ова постои и официјален Договор за донација кој е класифициран со највисок степен како државна тајна, рече Котески.

Од МВР велат дека четвртоосомничениот во аферата „Пуч“, со денешниот настап покажа дека е против поголема ефикасност и поголема лична безбедност на полициските специјалци.

Министерството за внатрешни работи  упати и јавно извинување до израелското Министерство за одбрана за денешниот срамен настап на четвртоосомничениот и изрази уверување дека ставовите на вакви луѓе не се и официјални ставови на Република Македонија.

– Се надеваме дека блиските односи и соработката ќе продолжат и во иднина на највисоко ниво. Грѓаните на Република Македонија и Министерството се благодарни за донираната помош и убедени се дека ваквите испади нема да ги нарушат досегашните односи, посочи помошник министерот.

фото: Курир