МВР со детали за мажот кој почина од срцев удар додека возел цистерна

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 16:50 часот на магистралниот пат Делчево-Граничен премин Делчево, на возачкото место во кабина на влекач “Волво“ со велешки регистарски ознаки со цистерна со велешки регистарски ознаки, бил пронајден починат Б.М. (53) од Богданци.

-Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Од увидот било констатирано дека на наведеното место Б.М. добил срцев удар, по што возилото почнало да се враќа назад и задниот дел на цистерната поминал на левата коловозна лента свртувајќи се во обратен правец, информираат од МВР.

На патот и патната сигнализација нема никакво оштетување.

Телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.