(ВИДЕО)МВР со детали за убиството на „Дижонска“

Според официјалните сознанија на Министерството за надворешни работи 41-годишната жена од Тетово којашто во саботата ноќта беше убиена во куќа на улицата „Дижонска“ во скопски Чаир, била жртва на свој роднина кого претходно го нападнала со стап.

Триесет и тригодишниот М.Ш. од Скопје со нож ја прободел во пределот на стомакот 41-одишниот Ж.К. од Тетово, со која биле во роднински врски, откако претходно таа го нападнала со стап. Во 23,13 часот, на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Ж.К. починала во возило на Итна медицинска помош, додека М.Ш. е пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а по укажаната лекарска помош е приведен во полициска станица, информираат од МВР.

Извршен е увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.