МВР со детали за убиството на градоначалникот Идризи

Со повеќе куршуми е убиен градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи. Според информациите од полицијата, Идризи во 10,45 часот е донесен во Медицинскиот центар во Тетово со повеќе прострелни рани од огнено оружје. Веднаш по приемот во тетовската болница докторите констатирале дека градоначалникот е починат.

1280x720-LNzУбиството, како што наведуваат од полицијата, се случило во угостителски објект во близина на општината. Идризи и осомничениот за неговото убиство Ќани Абази, 53-годишен жител на Боговиње, влегле во распрвија по што Абази пукал неколкупати кон градоначалникот. Веднаш по застрелувањето на Идризи, убиецот се обидел да се самоубие.

Според полицијата, Абази си испукал еден куршум во десната слепоочница. Со сериозни повреди веднаш по обидот за самоубиство Абази е префрлен прво во тетовската болница, а потоа во Ургентниот центар во Скопје
Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово извршиле увид на местото на убиството.