МВР со детали за вчерашното убиство на Детската клиника

Вчеравечер околу 20 часот во Детската клиника во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, во една потпокривна просторија, 22-годишниот Н.К. од селото Петровец, скопско ја убил 31-годишната Д.З. од истото село.

Според податоците од полицијата, околу 18 часот по претходен договор помеѓу двајцата да се сретнат во покривната просторија на Детската клиника помеѓу нив настанала вербална расправија и во еден момент осомничениот физички ја нападнал Д.З. и со употреба на физичка сила ја задавил. Потоа, од засега непознати причини, Н.К. го одвлекол и го оставил безживотното тело на една од покривните тераси и истиот седнал на работ од покривот, со намера да скокне од зградата и да се самоубие.

Истиот бил забележан од пациент, кој пријавил на болничкото обезбедување од каде е пријавено и во МВР, на местото на настанот е излезено од страна на припадници на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа” и Единицата за специјални задачи кои го пренеле безживотното тело на Одделението за интензивна нега каде што и покрај напорите, медицинската екипа не успеала да ја реанимира Д.З..

Околу 22 часот и 35 минути осомничениот е симнат од покривот и приведен. Во текот на денешниот ден против истиот ќе биде поденсена кривична пријава за убиство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.