МВР со кампања против петардите за среќна и безбедна 2014 година

Во рамките на кампањата “Среќна и безбедна 2014 година – во семејно и пријателско дружење“, утре со почеток во 12 часот, во ТЦ Веро Центар, Одделението за превенција во СВР Скопје ќе реализира активност во врска со превенција од злоупотреба на пиротехички средства.

Во соработка со Црвен Крст на Град Скопје и ученици-членови на  клубовите за превенција формирани во основните училишта во рамките на проектот ,,Безбедност во училиштата“, ќе биде реализирана показна вежба за давање на помош на повреди предизвикани од злоупотреба на пиротехнички средства.

За успешно реализирање на кампањата од страна на Одделението за превенција, во соработка со Македонско радио, изработен е аудио спот кој ќе биде промовиран за време на активностите, а исто така ќе биде дистрибуиран соодветен пропаганден материјал на граѓаните-посетители на ТЦ.