МВР со мерки за расчистување на инцидентите во Студеничани

На 20.11.2014 година од страна на Полициски службеници дадена е Асистенција на Инспектори од УЈП и ДПИ во неколку угостителски објекти лоцирани во село Студеничани и населба Драчево при што во дел од нив се констатирани неправилности и за истото издадени се покани за наплатена глоба по закон за пушење во угостителски објекти.

За време на асистенцијата во неколку објекти во село Студеничани се собрала поголема група граѓани при што исите започнале да фрлаат со камења кон службено возило на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.