Македонија

МВР со модернизирани форензичарски капацитети

МВР со модернизирани форензичарски капацитети
МВР со модернизирани форензичарски капацитети

Во рамки на преограмата ИЦИТАП, МВР од САД доби донација за реновирање на складиштето на докази и простории за нивна обработка, во вредност од 200 илјади американски долари, со што ќе се подобрат форензичарските капацитети во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во Македонија Џес Л. Бејли нагласија дека донацијата е резултат на партнерството на САД со Македонија и заедничката решеност да се зацврсти владеењето на правото.

Според Чавков, во овој проект прв пат се обезбедување примена на нов и софистициран концепт за складирање, организација и постапување со обезбедениот доказен материјал. Во рамки на соработката со ИЦИТАП, обезбедена е и платформа за развој и имплементација на системско решение со кое се обезбедува интеграција на сегментите за криминалистичка техника низ државата со Одделенијата за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

– На овој начин, Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења и МВР дополнително ќе гарантираат за интегритетот на доказниот материјал, како и за квалитетот на извршените анализи и вештачења кои се однесуваат на истиот, рече Чавков.

Тој додаде дека е поставен нов концепт на единствено означување и баркодирање на доказниот материјал со што во иднина ќе се обезбеди негтово следење во реално време.

Амбасадорот Бејли потенцира дека најважно и приоритетно е тоа што реновираните и модернизирани простории ќе им помогнат на претставниците и на оние кои ги спроведуваат законите во Македонија, но и на обвинителите подобро да им служат на граѓаните.

– Зградата е комплетно реновирана со донација од 200 илјади американски долари и е мултифункционална модерна установа за собирање, ракување и обработка на докази со различни методи, рече Бејли, додавајќи оти со подобрените процедури ќе има и поголема достапност на важните докази во кривичните судења, а ќе овозможува и по правични судења во насока на прифатливоста на доказите во кривичната постапка.