МВР: Состојбата со мигрантите на северната и на јужната граница редовна

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека состојбата со мигрантите на северната и на јужната граница на државата е редовна и нема значителни промени или вонредни настани.

На јужната граница има неколку илјади мигранти од грчка страна и се пропуштаат само оние од Сирија, Авганистан и Ирак.

Според информацијата на МВР, денеска, како и вчера, на Табановце нема задржувања на мигрантите во прифатните центри, а регистрацијата се одвива редовно.