МВР спречи шверц на марихуана од Албанија

МВР вчера спречи шверц на речиси два килограми марихуана во близина на регионалниот пат кој води од граничниот премин Блато кон Дебар.

По претходно добиени сознанија полицијата излегла на терен и при обидот да ги уапси двете лица кои илегално од Албанија влегле во Македонија, едниот од нив побегнал кон Албанија, а другиот кон селото Шулан, дебарско.

П.М.(22) кој побегнал во правец кон Албанија бил уаспен од албанската полиција на албанска територија.

Полицијата извршила детален преглед и претрес на теренот. Во една од нивите во атарот на село Бањиште, дебарско е пронајдена бела вреќа во која имало две најлонски кеси обвиткани со самолеплива трака со непозната тревкаста материја, за која подоцна било утврдено дека е марихуана со вкупна маса од 1,975 грама.

Против албанскиот државјанин П.М. како и против засега непознатото лице поднесена е кривична пријава.