петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 57

МВР: Телото кај Катланово е на исчезнатиот Робертино

Министерството за внатрешни работи денес соопшти дека телото на починатото лице пронајдено вчера кај Катланово е на Робертино Чонтев (45), потполковник во АРМ, кој минатиот месец беше пријавен за исчезнат на 24 јули.

isceznat-4--480x320

Последни вести

Министерството за внатрешни работи денес соопшти дека телото на починатото лице пронајдено вчера кај Катланово е на Робертино Чонтев (45), потполковник во АРМ, кој минатиот месец беше пријавен за исчезнат на 24 јули.

На 1.8.2016 година била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Велес, после тунелот„Катланово“ во која Р.Ч.(45) од Скопје управувајќи „Рено 9“ со скопски регистерски ознаки излетал надвор од коловозот и се превртел во провалијата покрај автопатот. Во незгодата истиот од здобиените повреди починал на самото место, информираат од полицијата.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Од МВР додаваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести