МВР тврди Фејзи Азири бил приведен, адвокатот демантира

Насер Рауфи, адвокат на обвинетиот Фејзи Азири во случајот „Монструм“, вели дека Азири не бил уапсен, како што беше објавено во некои медиуми, туку минатата ноќ бил само под полициски надзор на Клиниката за пулмологија во Скопје. Додал дека Азири нема нема да се врати во затвор, туку ќе остане да се лекува во болница.

Рауфи вели дека се чека одлуката на Кривичниот суд по нивната жалба против одлуката да му се запре медицинското лекување.

„Апсењето“ на Азири во билтенот на МВР

На 17.04.2018 година во 16.30 часот од страна на полициските службеници од  Единицата за Потраги при СВР Скопје во Клинички центар „Мајка Тереза“ на Одделот за пулмологија е пронајден и приведен Ф.А.(60) од Скопје.

Лицето се бара по потерница од Казнено поправна установа „Затвор Штип“ за доиздржување казна затвор од 6 години и 4 месеци за сторено кривично дело  „Недозволено држење на оружје или распрскувачки материјали“  по чл.396 ст.2 в.в. со ст.1 од КЗ на РМ.