Крими хроника

МВР уапси повеќекратен убиец и опасен криминалец

МВР уапси повеќекратен убиец и опасен криминалец

Големо апсење на македонската полиција попладнево. Уапсен е Авни Зенели, познат како Сламарица, роден 1968 година од Куманово.

Според првичните информации, станува збор за повеќекратен убиец и опасен криминалец по кого полицијата трагаше изминативе години.

Во отсуство е осуден на неколкукратни доживотни казни и баран е со меѓународни потерници. Меѓу другото, Зенели се товари за убиството на бизнисменот од Гостивар извршено на 9-ти неомври 2013 година во Чаир.

Уапсениот исто така се товари и убиство во обид на „Боксер“ од Куманово во 2008 година, убиство во обид во 2003 година пред болницата во Куманово, како и истата година убиство во обид во кумановска Речица.

Зенели се терети и за недозволена трговија со оружје и дрога.