МВР уште без одговор зошто е уапсен новинарот Стоилковиќ

Министерството за внатрешни работи се уште не дава објаснување зошто бил уапсен и тепан новинарот на „Инфомакс„, Борислав Стоилковиќ по завршување на вчерашните протести пред собранието.

Како што јавноста имаше можност да види на видео снимките, полицајите без никаков повод и причина брутлно го приведоа Стоилковиќ, како да е најголем криминалец, пред очите на поголема група новинари кои заедно со него настрана од збиднувањата ја коментираа ситуацијата.

По апсењето новинарот бил однесен во полициската станица Автокоманда, од каде бил набрзо пуштен.
Според Стоилковиќ, тој во полициското комбе бил удиран од еден од полицајците, а му бил скршен и стативот од камерата, која тој не сакал да им ја предаде на полицајците, пред да го уапсат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.