МВР: За пилоти на хеликоптер досега 404 пријавени, од нив 48 жени

За отвореното работно место „пилот на хелокоптер“ во рамки на хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи, досега се пријавени 404 кандидати, од кои 48 се жени.

Од вкупниот број на пријавени кандидати, 218 се пријавени по електронски пат преку веб страницата на МВР.

Рокот за пријавување истекува во сабота до кога сите заинтересирани што не се пријавиле имаат можност тоа да го сторат во наредниве два дена со доставување на потребната документација во Секторите за внатрешни работи кои токму за оваа цел и во сабота до 16,30 часот ќе бидат достапни за пријавите на заинтересираните кандидати. Или заинтересираните тоа ќе можат да го сторат и по електоронски пат, во сабота до 24,00 часот, преку поставениот банер “АПЛИЦИРАЈ“ на веб страната на МВР од каде што можат да ја преземат потребната пријава за конкурсот и електронски да аплицираат.

Инаку, како што претходно МВР ја информираше јавноста на објавениот конкурс се бараат по шест извршители со средно (четиригодишно) образование и со високо образование. Кандидатите кои ќе ги минат строгата селекција потоа со МВР ќе склучат договор за обука за кандидат за пилот во времетрање од 19 месеци. По завршување на обуката кандидатите кои успешно ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификат за оспособеност за звањето пилот на хелихоптер, а потоа ќе бидат распоредени на работно место „.пилот на полициски хелихоптер“.