My Burberry – Почувствувајте ги вибрациите на градот

Новиот парфем на модната куќа Burberry се појави на пазарот во септември годинава и е насловен My Barberry. Тој е инспириран од култниот капут на брендот Burberry и од градините во Лондон по дожд. Тој е најавен како изразено цветен мирис кој има задача да влезе во топ 10 – те на луксузната арена на убавината. Високите цели на Burberry се поткрепени и од најавата дека ова ќе биде едно од клучните изданија во мирисната колекција на модната куќа.

barbery_2

За заштитни лица на овој парфем се избрани Кејт Мос и Кара Делевињ, а кампањата има за цел да го пренесе британскиот стил на парфеми и да ја одреди целната група на жени на кои што им е наменет.

Покрај предизвикот да се пренесе култниот стил на капутот на Burberry, свежината на лондонскиот дожд и мирисот на градината која е освежена од дождот, желбата на раководството на брендот е да се прикаже и умешноста во креирањето, традицијата и креативноста.

Композицијата на парфемот My Burberry се отвора со ноти на сладок грашок и цитрусни ноти на бергамот кои водат до гераниум, цветови на фрезија и златна дуња во срцето.

Дизајнерот Френсис Куркдијан кој ја имаше задачата да го креира парфемот исто така потенцира дека мирисот е инспириран од Лондон и од урбаните градини:

– Во него ги чувствувате вибрациите на градот, така што е навистина современ. Имате градина. Имате цвеќе и уметност на градинарството што е навистина важно за Британците. Цветниот аспект доаѓа од идејата за градината по дожд. Имате бујна влажност. Имате мирис на почва. Сите тие емоции, вели тој.

Шишето на новиот парфем е изработено од стакло со капаче кое е инспирирано од копчињата на капутот на Burberry. Капачето е во боја на мед, а на него има и панделка која изработена од истиот материјал од кој се изработуваат капутите на Burberry.

Парфемот е достапен како Eau de Parfum во амбалажа од 30, 50, 90 и колекционерско издание од 900 ml.