МЗ: Лажна е информацијата за петта жртва од листерија

Не постои петта жртва на листеријата, како што од утрово информираа некои портали и локалната телевизија од Кочани.

Не станува збор дека починало уште едно лице од Кочани од листериоза, демантираат од Министерството за здравство.

Иако во меѓувреме беше јасно дека нема нова жртва на листерија, попладнево на лажната информација за наводна петта жртва се надоврза и СДСМ со обвинувања кон Министерството и барање за реномирана странска експертиза, која би го решила проблемот.