МЗ: Нема петта жртва од листерија

Министерството за здравство демантираше дека бактеријата Листерија ја однела и петтата жртва, како што утрово индормираа одредени портали и локалната телевизија од Кочани.

„Не станува збор дека починало уште едно лице од Кочани од листериоза“, велат од Министерството за здравство.

Иако во меѓувреме беше јасно дека нема нова жртва на листерија, попладнево на лажната информација за наводна петта жртва се надоврза и опозициската СДСМ со обвинувања кон Министерството за здравство и барање за реномирана странска експертиза, која би го решила проблемот.