МЗ: Тодоров ќе одговори на интерпелацијата пред законодавниот дом

МЗ: Тодоров ќе одговори за интерпелацијате пред законодавниот дом

Благодарност до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија што ни дава можност во законодавниот дом да ги соочиме фактите за да се направи разлика каква била состојбата во здравството претходно, а каква е сега, колкави биле инвестициите во здравството, колкави се сега, како и севкупно каде било здравството претходно, а каде е сега, се вели во рекацијата на Министерството за здравство.

Со користење на инструментот „интерпелација“ СДСМ ќе ни овозможи од собраниската говорница да направиме пресек на состојбите во здравството и со конкретни податоци да разговараме за проекти и реформи реализирани во здравствениот систем.

Во таа смисла, со почитување на сите законски и деловнички процедури Министерот за здравство ќе даде одговор на интерпелацијата и истиот ќе го образложи пред законодавниот дом, стои во реакцијата на министерството.