„МЖ Транспорт“ трпи последици од штрајкот на солунското пристаниште

„Македонски железници – Транспорт“ денеска ќе информира за последиците што ги трпи железничкиот сообраќај од блокадите на македонско – грчката граница и од штрајкот на работниците во пристаништето во Солун.

Блокадата на пругата Солун – Скопје кај кампот за бегалци кај Идомени и штрајкот на вработените во пристаништето во Солун го отежнаа функционирањето на „Македонски железници – Транспорт“. Вагони од МЖ Транспорт се заглавени на солунското пристаниште, а надлежните од „МЖ Транспорт“ информираат дека контактираат со грчките колеги барајќи начин како да се реши проблемот.

Вработените на пристаништата Солун, Пиреја и во железницата штрајкуваат поради договорот на грчката Влада со европските кредитори да се приватизираат.