Македонија

МЖ-Транспорт: Вложуваме максимални напори за нормално одвивање на сообраќајот

МЖ-Транспорт: Вложуваме максимални напори за нормално одвивање на сообраќајот

Работиме во екстремно тешки услови и се трудиме во границите на нашите можности, а и повеќе од тоа, да го одржиме редовниот железнички сообраќај за разлика од нашите авто-патишта и останати сообраќајници во Републикава. На вака екстремно ниски температури откажуваат влечните средства, вагоните замрзнуваат, скретниците замрзнуваат, пукаат шини, пукаат цевки, има завеани колосеци, завеани пруги и слично, наведува Македонски железници – Транспорт.

Оттаму им се извинуваат на патниците и истакнуваат дека прават максимални напори за непречено одвивање на железничкиот сообраќај.