МЗ: Вакцинацијата е согласно календарот за имунизација, секоја измена ја врши Националниот комитет за имунизација

Од Министерството потенцираат дека официјалните ставови од областа на имунизацијата ги носи исклучиво Министерството за здравство како единствена надлежна институција за имунизација во државата, а во согласност со највисоките стандарди и препораки на СЗО.

Имунизацијата е клуч на јавното здравје и со високиот опфат во државата се обезбедува континуирана стабилна епидемиолошка состојба и колективен имунитет. Токму како резултат на високиот опфат на имунизација, во Република Македонија со години наназад е искоренета вариола вера (големи сипаници), нема случај на дифтерија од 1978 година, елиминација на полиото (детска парализа) од 1987 година, а останатите вакцинопревентабилни заболувања се јавуваат спорадично со поединечни случаи, стои во соопштението