вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

МЗШВ: 150 милиони обештетување за сточарите

zemjodelstvo500

Поврзани вести

Сточарите кои претрпеа загуби поради болеста јазлеста кожа ќе бидат обештетени со вкупно 150 милиони денари, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реагирајќи на изјавата на заменик министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Николовски рече дека “сите сточари до еден мора да биде обештетени“ . Од министерството велат  дека од добиточната болест јазлеста кожа угинати се околу 3.500 говеда или 1,6 отсто од вкупниот број на говеда во Македонија. Сточарите ќе бидат обештетени до крајот на годинава, најавуваат од министерството.

„Сакаме да ја потсетиме јавноста дека министерот Михаил Цветков и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски минатата недела учествуваа на министерската  конференција за болеста јазлеста кожа која се одржа во Република Бугарија. На конференцијата организирана од Министерството за земјоделство и храна на Република Бугарија во соработка со Европската комисија, присуствуваа делегации од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Македонија, Грција, Унгарија, Израел, Италија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Турција и од Украина, како и еврокомесарот за здравство и безбедност на храна, Витенис Андриукаитис. На оваа конференција беа донесени заклучоци кои практично Република Македонија ги има веќе спроведено, односно целосна вакцинација на добитокот и годишна ревакцинација до уништување на болеста. Од еврокомесарот за здравство и безбедност на храна добивме уверување дека ќе бидеме финансиски поддржани за досега преземените мерки, како и за идните мерки за искоренување на оваа болест.  Исто така сакаме да ја информираме македонската јавност дека нема никаква опасност од консумирање на месо, млеко и нивни преработки добиени од вакцинирани животни“, стои во реакцијата на МЗШВ.

 

Најчитани вести