МЗШВ: Цветков формираше посебна комисија за програмата „Јапонска помош“

За програмата „Јапонската помош“ министерот Михаил Цветков веднаш по стапувањето на должност формирал посебна комисија, информира денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Бидејќи се работи за обемен материјал, имајќи предвид дека средствата од јапонската помош се реализирани преку неколку јавни повици и тоа почнувајќи од 1997, 1998, 1999, 2000, 2001 и од 2008 година, потребен е подолг период за прибирање на валидна документација, се вели во соопштението од МЗШВ.

Во периодот од 2002 до 2004 година, во времето на министерот на СДСМ Славко Петров,  се наведува во соопштението, направени се големи злоупотреби со потпишување невалидни договори на кои стои само име и презиме. – Поради тоа комисијата се соочува со потешкотии да ги идентификува вистинските корисници на оваа помош. По завршувањето на работата на комисијата, ќе се има целосен увид во документацијата, информира МЗШВ.