МЗШВ: Добро е што Николовски излегол на терен, да слушне дека субвенциите се 60 денари за килограм

тутун

Добро е што дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски излегол на терен меѓу тутунарите, за да се увери дека тутунарите први и редовно ги добиваат субвенциите. Да слушне дека субвенциите се 60 денари за килограм наместо нула денари колку што им даваше неговата Влада, смета министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Интегрален текст од соопштението на МЗШВ

Согласно Законот за тутун, откупот треба да почне до 15 декември, а Министерството за земјоделство и оваа година навреме ги реализира законските обврски, во рамки на своите надлежности, со што откупните претпријатија доколку обезбедат финансиски средства за исплата на тутунарите можат веднаш да почнат со откупот.

Министерството не само пред откупот, туку постојан во текот на целата година е во конктакт и со тутунските здруженија и со откупните организации со цел да се отстранат сите евентуални потешкотии за нормалниот тек на откупот.Во таа насока, Владата до Собранието на РМ достави измени и дополнувања на Законот за Тутун, кои идната недела треба да бидат разгледани и донесени во Собранието на Р.М., со што ќе им се помогне на откупувачите за успешно превземање на тутунот.