недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

МЗШВ: Николовски повторно ја злоупотребува функцијата

mzsv

Поврзани вести

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски повторно во недостаток на идеи за подобрување на состојбите во земјоделсто со манипулации од земјоделството сака да направи дневно политички – партиски игри, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

За жал и овој пат ја злоупотребува функцијата и изнесува тотални невистини, односно споменатото земјиште од неговата денешна изјава од 32 хектара е веќе огласено на Јавен оглас број 07/15, а огласот е во тек. Согласно надлежностите на Државниот инспекторат за земјоделство за повеќе случаи веќе се води судски постапки и уште еднаш ќе повториме дека од 1998 година кога е потпишан и договорот за споменатото земјиште, до сега се потпишани над 7.000 договори за користење на земјоделско земиште во државна сопственост, се вели во соопштението од МЗШВ.

Од таму, ги повикаа сите кои што имаат информации за злоупотреба за користење на земјоделско земјиште во државна сопственост да ги пријават до Државниот инспекторат за земјоделство, за понатамошно постапување и секако доколку се утврди веродостојноста и за нив ќе се покрене соодветна судска постапка.

Инаку, со цел допрецизирање на одредбите од Законот за земјоделско земјиште во делот кој што се однесува за продолжување на договори за закупо на државно земјиште, на предлог на Министерството за земјоделство, Владата на РМ до Собранието достави предлог за измени и дополнување на овој Закон со што цениме дека со ова доуредување можностите за грешки во продолжувањето на договорите ќе се елиминираат, се додава во соопштението од Министерството.

Најчитани вести