четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 63

МЗШВ: Нема проблеми со откупот на грозјето од реколтата 2016

Проблемите со откупот на македонското грозје од реколта 2016 се практично решени и дека нема потреба од интервентен откуп, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во реакцијата на изјавата на дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски.

99513544

Поврзани вести

Потврда за тоа се изјавите на претставниците на винарските визби, кои на состанокот пред два дена рекоа дека состојбата ќе се стабилизира со новата мерка на Владата која предвидува субвенции од три денари по килограм „вранец“ за сите винарии кои ќе откупат винско грозје во 2016 година, за количини кои се над 60 проценти, но не повеќе од 130 отсто во споредба со ланските откупени количини од сортата „вранец“. Со оваа мерка се стимулира откупот на винското грозје во ситуација кога, како што кажаа винариите, на европскиот пазар била понудена пониска цена поради големиот наплив на вина од многу земји.

Притоа се додава дека во времето на СДСМ, иако грозјето не било платено, не бил воведен интервентен откуп. – Очигледно СДСМ само кога е во опозиција глуми загриженост за земјоделците и ветува мерки кои реално не се остварливи, велат од МЗШВ.

Најчитани вести