МЗШВ: Николовски нема елементарни познавања за секторите во министерството

И со денешната изјава за медиумите  дополнителниот заменик министер за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски покажа дека со извртување на вистинатата еденствено работи за сопствениот политички маркетинг, реагираат од МЗШВ.

Во продолжение следува интегрален текст од нивната реакција

Николовски и овој пат потврди дека нема никакви елементарни познавања за секторите во министерството.

Министерството за земјоделство сака да ја информира јавноста дека одобрението за извоз се однесува за опожарени културо црн бор во 2012 година. Обврска на ЈП Македонски шуми е да ја отстрани опожарената дрвна маса од теренот и повторно да го пошуми. Оваа дрвна маса нема никаква калорична вредност и единствено може да се користи како примеса за производство на брикети.

ЈП Македонски шуми спроведе законска постапка и тоа по пат на Јавно наддавање и извезе 3  600 кубни метри во Грција поради тоа што нема интерес за купување од страна на домашни фирми.

МЗШВ и јавно ќе му одговори на дополнителниот заменик министер за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски дека и овој пат залудно  бара зделка на штета на граѓаните.