среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 63

МЗТ Аеродром и Карпош Соколи во борба за кошаркарскиот Супер куп

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром во првото полуфинале убедливо го победи тимот на Фени Индустри со 83:50. Најефикасен беше Џошуа Смит од МЗТ Скопје со 14 поени.

132988200

Поврзани вести

Во второто полуфинале на турнирот Карпош Соколи го победи Куманово со 82:72. Со исклучок на последната четвртина која заврши нерешено (15:15), другите три им припаднаа на кошаркарите на Карпош Соколи.

Кај победничката екипа почетната петорка натпреварот го заврши со двоцифрен број поени. Најпрецизен на дуелот беше Данило Мијатовиќ од Куманово со 21 поен.

Финалето на Супер купот се игра вечерва од 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Најчитани вести