МЗТ и Работнички казнети со вкупно 80.000 денари

Натпреварувачката комисија при Македонската кошаркарска федерација (МКФ) воопшто не ја разгледа жалбата на Работнички, за наводното лошо судење на првиот финален натпревар во плејофот од домашното првенство против МЗТ Скопје. Жалбата не беше разгледана заради тоа што не била поднесена во определениот рок.

Меѓутоа, натпреварувачката комисија изрече казна за двата тима во вкупна вредност од 80.000 денари , 32.000 треба да плати тимот од Аеродром, додека преостантите 42.000 ќе треба да ги плати најтрофејнит македонски колектив Работнички.

Луѓето задолжени за регуларноста на шамопионатот ги казнија двата тима со по 10.000 денари за националистичкото навивање на своите навивачи, по 2000 денари за неспортско навивање , а заради техничката грешка на тренерот на Работнички, Емил Рајковиќ, тимот од “Градски парк” треба да плати дополнителни 16.000 денари .