МЗТ издвојува 5-та победа во АБА лигата

МЗТ Скопје го совлада составот на Мега Лекс со резултат 84-79 и ја оствари 5.та победа во АБА лигата.

Во целосно израмнет меч во кој и двете екипи имаа свои моменти на добра игра, МЗТ Скопје Аеродром беше тимот кој на крајот одигра поцврсто и поискусно, па сосема заслужено дојде до триумфот.

Сите играчи од стартната петорка на МЗТ Скопје мечот го завршија со двоцифрен поентерски учинок. Сеад Шеховиќ беше прв стрелец со 19 поени, Синовец постигна 17, Цветковиќ 14 поени, 8 асистенции и 7 скока, Лучиќ 11 поени, Предраг Самарџиски 10 поени и 9 скока.

Александар Мареља со 16 постигнати поени беше најефикасен играч во тимот на Мега Лекс, Марко Кешељ и Душан Чантекин реализираа по 11 поени.

МЗТ Скопје ќе ги продолжи своите настапи во АБА лигата веќе во сабота, кога во рамките од 14.то коло на АБА лигата му гостува на тимот на Задар.