МЗТ му гостува на Задар во АБА лигата

МЗТ Скопје вечерва ги продолжува натпреварите во АБА лигата, а во рамките на 15.коло му гостува на хрватскиот тим Задар.

Пред два дена МЗТ Скопје дома славеше победа над Мега, а веќе избраниците на тренерот Боби Митев имаат нов предизвик. Со евентуален триумф „металците“ ќе го подобрат својот пласман (13.место) бидејќи само една победа е разликата од седмопласираната Крка.

Покрај дуелот Задар – МЗТ Скопје Аеродром (почеток 19 часот) се играат уште три натпревари: Црвена Звезда – Цибона, Цедевита – Олимпија и Крка – Партизан. Утре на програмата се два дуела: Будуќност – Игокеа и Мега – Левски, додека последниот дуел Металац и Шолнок на програмата во понеделник.

Табела: Црвена Звезда 14-0 (победи-порази), Будуќност 11-3, Цедевита 10-4, Олимпија 8-6, Цибона 8-6, Партизан 7-7, Крка 6-8, Мега 6-8, Задар 6-8, Шолнок 6-8, Игокеа 5-9, Металац 5-9, МЗТ Скопје 5-9, Левски 1-13.