МЗТ поразен на гостувањето кај ФМП

Кошаркарите на МЗТ Скопје го забележаа првиот пораз во второто коло од АБА Лигата откако во вторникот вечерта на денешното гостување во Белград кај ФМП Железник беа поразени со 72:100.

Скопските кошаркари успеја да му парираат на домаќинот само во првата четвртина, но подоцна го загубија ритамот, па на полувремето ФМП имапе предност од 51:44.

Разликата не беше недостижна, но македонскиот претставник немаше сили за пресврт. Особено слаб беше ефектот од играта во одбраната, а во последната четвртина изостана и реализцијата во нападот, што на крајот на МЗТ му донесе висок пораз од 28 поени разлика.

Ерик Гарсија со 16 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, Брет Бејли постигна 13, Јуре Лалиќ 12, а Бојан Трајковски 10 поени. Следниот меч од АБА лигата македонскиот претставник го игра пред својата публика, кога во рамките на третото коло во СЦ „Јане Сандански“ гостува Задар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.