МЗТ поразен од Звезда

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром е убедливо поразен од Црвена Звезда со резултат 89-56, во последниот настап од АБА лигата оваа сезона.

Домашните играчи уште од самиот старт го најавија триумфот, откако многу брзо создадоа двоцифрена предност која до крајот на мечот само ја зголемуваа.

Во редовите на МЗТ Скопје, Стефан Синовец постигна 17 поени, додека Александар Чапин беше стрелец на 10 поени.

Мајк Цирбес со 19 поени беше предводник во победата на Црвена Звезда, Дангубиќ и Митровиќ постигнаа по 13, додека Чарлс Џенкинс средбата ја заврши со 11 поени.

Својот следен натпревар МЗТ Скопје Аеродром го игра нагости против Карпош Соколи, во меч кој е закажан за четврток (26.03.2015).