МЗТ поразен во Словенија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа седмиот пораз во АБА лигата откако синоќа на гостувањето во Љубљана загубија од Олимпија со 69:56 (18:14,13:16,19:11,19:15).

По изедначеното прво полувреме (31:30) кошаркарите на Олимпија во третиот период направија разлика од осум поени и успеаја да ја сочуваат до крајот на натпреварот.

Во редовите на Олимпија четири играчи постигнаа двоцифрен број поени: Ален Омиќ 14, Паоло Маринели, Марко Мариновиќ и Халил Канацевиќ по 13, додека кај МЗТ Скопје Урош Лучиќ реализираше 17 поени.

На другите два дуела од 10. коло одиграни синоќа Будуќност – Шолнок 75:68 и Задар – Крка 79:69. МЗТ Скопје и Задар со биланс три победи и седум порази се на делба на 10. и 11. место на табелата.

Вечерва се играат три натпревари: Игокеа – Левски, Цибона – Металац и Црвена Звезда – Партизан. Колото ќе биде комплетирано со утрешниот дуел Мега – Цедевита.